Двајца штипјани се уапсени поради тоа што кај нив бил пронајден хероин.

Полициски службеници на наплатна рампа „Миладиновци“ ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип.

 

При извршена контрола на возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин – информираат од МВР.

Двајцата се приведени во полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.