Во Гостивар денеска околу 11.35 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците К.С.(51) и Х.А.(54).
При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Х.А., биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон, дигитална вага и предмети со остатоци од дрога – соопштија од МВР.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.