Полицијата во Прилеп во о 11 часот претпладнево го привела М.К. по кого имало распишано потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци поради измама.

По апсењето лицето било спроведено во прилепскиот затвор.

Два часа подоцна, односно околу 13 часот, тетовската полиција го привела 32-годишниот Н.Д. од село Горјане за издржување казна затвор од две години и шест месеци во тетовскиот затвор поради нанесување тешки повреди опасни по живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.