Скопското јавно обвинителство извести дека поднело обвинителен акт против двајца дилери на дрога. Во првиот случај станува збор за дилер од Скопје, а со вториот обвинителен акт опфатена е кумановка. Двајцата се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Кај првиот обвинет дилер на 17 овој месец во неговиот дом во Драчево криел кокаин, 33 таблети метилендексиметамфетамин и канабис. Дрогата ја чувал скриена во плакар во соба од горниот кат на куќата. Нему судија на претходна постпапка му одреди куќен притвор.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.