Во две нелегални забави во Скопје и во Битола, полицијата уапсила вкупно 13 лица, кои ги прекриле мерките за заштита од Ковид-19.

Ноќеска во 2.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје.

 

Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26) – информираат од МВР.

Истовремено, имало слична акција и во Битола.

Во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко” биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола – соопштија од МВР.

Сите 13 лица биле и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.