Полицијата вчера попладне уапсиле жителка на гостиварското село Ѓурѓевиште поради физички напад.

Околу 16 часот и 30 минути, полициски службеници ја лишиле од слобода 34-годишната Љ.А. од гостиварско Ѓурѓевиште, која претходно физички ги нападнала нејзиниот 64-годишен свекор, свекрвата и внукот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар и против неа ќе следува поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.