СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.

-Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари, информира МВР.

По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.