Две лица од Кавадарци биле повикани на информатовен разговор, а нивна 31-годишна сограѓанка била задржана во притвор поради тоа што кај неа имала неколку пакувања со дрога.

На 08.12.2021 околу 17.30 часот на ул.„Слога“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода С.Б.(31), а на службен разговор во полициска станица биле повикани Ѓ.Т.(30) и С.К.(29), сите од Кавадарци. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Ѓ.Т., а сопатници биле С.К. и С.Б., кај С.Б. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја – информираат од МВР.

оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.