Жител на тетовски Порој е приведен од полицијата затоа што на жител на Тетово му го украл електричниот тротинет.

На 31.08.2022 околу 19.30 часот во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот М.А. од ова село затоа што два дена пред тоа противпоравно одзел електричен тротинет на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на 42-годишен тетовец – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека тротинетот му бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против М.А. ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.