Жител на Неготино е уапсен поради физички напад врз полициски службеник.

Вчера околу 09:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.Н. (29) затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.