Вработен во Специјалниот завод во Демир Капија е приведен откако бил фатен на дело како допира и бакнува девојка згрижена во домот

Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.

На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата – соошти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски .

Тој информира дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.