Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера во 14:10 часот на подрачје на Аеродром го лишиле од слобода Л.В.(18) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10:55 часот на крстосница од булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, по што го напуштил местото.

Во незгодата со повреди се здоби полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.