Скопски полицаец барал мито од 100 евра за да не пише казна за наводен сообраќаен прекршок, но бил уапсен откако граѓанинот на кој му биле барани пари го пријавил во полиција.

Министерот Наќе Чулев на својот ФБ профил откри дека од слобода е лишен полицискиот службеник Б.Џ. и кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари кои биле кримтехнички обработени.

Полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. МВР во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување, соопшти Чулев преку својот ФБ профил, на кој ги повика вработените во МВР да ги почитуваат законите, а граѓаните ги охрабрува да пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.