Во Прилеп е уапсен бегалец баран со потерница за извршување две затворски казни, за насилство и напад врз службено лице.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка – Оддел за потраги и ПС Прилеп денеска во 17:30 часот во населбата Варош во Прилеп го приведоа А.Т. (25) кој се барал по потерница од Основен суд Прилеп за издржување две казни затвор од 11 месеци и 9 месеци – соопштија од  МВР.

Изречените казни се во врска чл.386 (насилство) и чл.383 (напад на овластено службено лице) од Кривичниот законик.

Како што соопштија од полицијата, уапсениот ќе биде предаден на казнено поправна установа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.