Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани на место викано „Кула“ во атар на село Чешиново, кочанско, го лишиле од слобода П.Д.(64) од с.Чешиново.

Тој бил затекнат како потпалува стрниште во нива, по што се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници, а претходно се заканувал и на С.Н. од с.Чешиново.

Тој бил приведен во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.