Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, вчера во 08:20 часот го уапсиле О.Ц.(49) од Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

При претрес во три објекти во сопственост на О.Ц. извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства – соопштија од МВР.

О.Ц. е приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.