Утринава, по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, пренесува СДК.

Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.

Јахија бил уапсен рано утрово, а полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес прво таму.

Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

Неофицијално, за овој висок функционер обвинителството ќе бара притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.