Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 5:50 часот на улицата „Јадранска магистрала“ го лишиле од слобода С.И. (29) од Скопје.

Тој се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор во времетраење од две години и три месеци – информираат од МВР.

С.И. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за доиздржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.