Див продавач на пазарчето во Ѓорче Петров е приведен откако одбил да се легитимира пред полицајци, коишто потоа ги нападнал

Вчера во 10.10 часот во населба Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од с.Крушопек, скопско, бидејќи при преземање мерки за отстранување на „диви“ продавачи околу пазарот „Ѓорче Петров“, пријавениот одбил да се легитимира и физички ги нападнал полициските службеници – соопштија од МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.