Повторното појавување во јавноста на групата на телеграм „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии и лично податоци на девојки од Македонија, меѓу кои има и малолетни, предизвика вистинска бура од реакции на твитер.

Од здруженијата кои се занимаат со сексуално насилство велат дека таа група всушност никогаш не ни згаснала, откако минатата година стана популарна во јавноста.

Од МВР, пак, велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.