Ноќеска околу 04 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта), од слобода бил лишен А.К. (57) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и полуприколка со турски национални ознаки.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.