Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин вчера на бензинска станица на автопатот Табановце – Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22 годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот.

Две непознати лица, вчера во 17 часот, на автопатот Табановце – Куманово во близина на бензинската станица, физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имало пари и лични документи по што побегнале, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.