Вчера околу 13 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода М.К. (37) од Р. Турција, бидејќи при извршената гранична контрола било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол.

М.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.