Министерството за правда да ја разгледа можноста и да предложи донесување Уредба со законска сила со која ќе се овозможи прекин на започнатите кривични постапки за кои не можат да се исполнат услови за одржување на главните расправи во кривичните постапки поради пандемијата на коронавирусот, односно поради околностите  кои привремено го спречуваат водењето на кривичните постапки.

Постапките да продолжат кога ќе се создадат услови за тоа, во фаза во која настанал прекинот, без изведување на доказите одново, поради протек на време од 90 дена- напиша на Фејсбук, судијата Владимир Туфегџиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.