На 22.11.2024 во 04.50 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена, пријавила дека на 21.11.2024 околу 15.00 часот во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(47). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена, пријавила дека околу 14.30 часот на автобуската постојка во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.З.(33), со кој одреден период биле разделени, а при нападот и го скршил и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 21.11.2024 околу 02.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(41). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.