Tри лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 17 часот на излез од с.Радиовце кај Тетово.

Како што соопштеи МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Чегране-гостиварско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ш.(21) од с.Теново-тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од с.Чегране-гостиварско од возилото „поло“ по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.