Во текот на вчерашниот ден тројца жители на главниот град пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници. Околу 11 часот во Полициската станица Центар, М.Г. (28) од Скопје пријавила дека на бул. „Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Вчера претпладне во Полициската станица Аеродром, Е.М. (46) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ била касната од куче скитник во пределот на левата подлактица.

Синоќа пак во Полициската станица Центар, С.Б. (25) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.