Во сообраќајна несреќа во Прилеп во која учествуваче две возила, три лица се здобиле со телесни повреди и се префрлени во болница

Синоќа во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп – информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.