Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот гостиварец М.П. и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Б.А.(42) од тетовска Голема Речица.

Во несреќата, сопатничката од возилото „мерцедес“, Р.С.(54) се здобила со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници од истото возило телесни повреди, коинстатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.