Три лица, од кое едното потешко биле повредени во сообраќајната незгода што се случила вчера околу пладне на улицата „Скупи“ во Скопје.

Сообраќајна незгода, како што информира МВР, се случила помеѓу патничко моторно возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, и патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(24) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ М.А.(57) од Скопје, на која и била укажана лкекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.