Вчера на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „тојота авенсис“ управувана од Ѓ.С.(27) од струмичкото село Турново, „шевролет матиз“ управуван од К.Ѓ.(64) од село Босилово и „рено твинго“ управувано од В.А. (61) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.