Три лица се повредени откако вчера во 16.25 часот во близина на Меморијалниот центар „АСНОМ“, на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, во атар на с.Пелинце, патничко возило „пежо 106“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По незгодата Е.К и сопатниците М.С.(22) и М.К.(21), сите од Куманово, биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај М.К. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Е.К. и М.С. се констатирани повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.