Вчера околу 23.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „мерцедес Е220“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.С.(37) од Штип, изгубило контрола и удрило во сообраќаен знак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(37) од Штип, а со телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатникот В.Ј.(19) од с.Радање, општина Карбинци, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.