Три лица се повредени во сообраќајка, која се случи синоќа околу 18:30 часот, на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички.

Повредени се возачот и сопатник од тракторот и возачот на автомобилот, кои се пренесени на лекување во струмичката болница.

Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.