Припадници на српското МВР во Белград расветлија повеќе кривични дела – тешки кражби и приведоа тројца државјани на Македонија, од кои едниот има и српско државјанство, поради постоење основи на сомнение дека го сториле ова кривично дело, јавува Блиц.рс.

Полицијата ги уапси Б.С.(1997), Б.Н.(1990) и А.К. (1998), кои се обвинети дека во текот на ноември и декември годинава упаднале во станови и куќи на територијата на Белград со специјален алат за отворање блиндирани врати и од нив краделе пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.