Трите девојчиња кои утрово беа прегазени на улица во скопски Чаир, се во стабилна и контактибилна состојба. Директорот на Ургентен центар, д-р Алберт Леши за „Сител“ потврди дека тие се примени со скршеници и две од нив ќе бидат оперирани.

Во Ургентниот центар биле донесени со возило на Брзата помош во 11:20 часот. Едното девојче е на Карил додека другите две на Детската хирургија.

Предходно „Телма“ објави дека такси возилото налетало на нив откако се симнале од автобус. Таксистот е приведен во полициска станица.

Полицијата изврши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.