Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово вечерва му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на тетовски Порој кој вчера беше уапсен, а кај него беа најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана.

– А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење. По целосно документирање на случајот и изготвени соодветни поднесоци изведен е пред судија во претходна постапка кој одреди 30 дена притвор, информираат од СВР Тетово.

Приведениот беше најден на паркинг на фирма во Порој, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници. Во неговото возила марка „хамер“ биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.