Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница над с.Орман, скопско, настанал пожар, при што било опожарено ѓубриште. Пожарот е изгаснат од Противпоржарната единица од Скопје.
Подоцна, во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во правно лице на бул.,,Тодор Чангов’’ настанал пожар, при што била опожарена барака. Пожарот бил изгаснат исто така од скопската Противпожарна единица.
Вечерта во 22.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на патарина Петровец настанал пожар во куќа сопственост на Л.С.(48) од с.Петровец, скопско. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.