Полициски службеници вчера привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13.11.2019 околу 22.00 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер.

Случајот во Полициската станица Кавадарци вчера во 19:30 часот го пријавил таткото на малолетникот.

Од Државниот инспекторат за образование рекоа дека и тие ќе го истражат случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.