Во тек е потрагата по Александар Черговски, 39-годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар Мали Радио МК. Имено тој од Германија е излезен на 18.02.2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин.

Роднините на Александар од Берово веднаш ја алармирало полицијата за исчезнувањето, а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.

Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него, да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, додадоа од неговото семејство.

Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.

По пријава на Интерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде се направени контакти и проверки на неколку локации, додаде Гордана Панајотова, потпарол на СВР Штип.

Според лица блиски до Черговски, Александар на граничниот премин се симнал од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.