На 10.09.2021 во 21,50 часот на крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Т.(23) од с.Спанчево и патничко моторно возило „бмв“ со валандовски регистарски ознаки управувано од Ф.О.(49). од с.Дедели, валандовско, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т. додека нејзините сопатници И.М.(41) и К.Н.(22) двете од Кочани се здобиле со повреди констатирани од доктор во здравствена установа-Кочани.

Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.