Двајца возачи и еден сопатник се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила околу 18 часот и 15 минути на стариот пат од Тетово кон Скопје. Тројцата се повредени поради судир на камион и автомобил.

Кај требошки натпатник се судриле товарно моторно возило “мерцедес” со тетовски таблици управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса” што го возел М.Б роден 2001 година од Сараќино. Двајцата возачи како и сопатникот во опелот Б.С роден 2000 година исто од Сараќино добиле тешки телесни повреди, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тројцата по укажаната помош во тетовската болница поради сериозноста на повредите се однесени на скопските клиники. Извршен е увид од СВР Тетово за да се откријат причините за сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.