Вчера околу 04 часот во Полициското одделение Петровец, А.Ј. (31) од Скопје пријавил дека во населба Илинден бил физички нападнат од непознато лице.

Според пријавеното, А.Ј. со такси возило возел две лица до населба Илинден и кога им рекол дека треба да платат тие излегле од возилото и почнале да бегаат, по што едно од лицата се вратило и физички го нападнало.

По преземени мерки било пронајдено и приведено лицето А.С. (17) од с.Текија.

Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и по член 9 став 1 од Закон за лични карти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.