Поранешниот кошаркарски селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиновски се наоѓа во болница во Тетово, откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово, дознава „Спорт медија“. Според информациите на порталот, тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

Од МВР соопштија дека во неделата околу 4 часот наутро на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.