Траорно беше денеска во скопското село Студеничани. Десет дена по големата автобуска трагедија во Бугарија, испратени во вечните почивалишта беа жртвите на голема несреќа.

Денешниот ден беше најтежок за семејствата кои ги дочекаа посмртните останки од своите најблиски.

Интервенираше и екипа на Брза помош, објави телевизија Алфа.

Во местото има и луѓе што загубиле четири члена од семејството.

Тежината е ептен голема кај нас и цело време ние сме фокусирани сме само да се завршат овие последни погребни церемонии, тоа ни е битно во моментов. Ние како семејство имаме четири члена – вели тој.

Посмртните останки на 45-те загинати во големата трагедија на автопатот Струма изутрината пристигнаа со два авиони на бугарската армија. На меѓународниот Аеродром во Скопје тие беа пречекани од државниот врв.

Последна почит кон загинатите граѓани дадоа и на плоштадот Скендербег. Знајни и незнајни. Пораката е иста од сите: вакви трагедии повеќе да нема.

Несреќата се случи на 23 ноември кога автобусот на „Беса транс“ се запали по сообраќајна несреќа на автопат во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.