Велешанец е тешко повреден откако неговиот трактор му поминал врз градите. Несреќата се случила вчера наутро кога во дворот од сопствената куќа во с. Мамутчево-Велес, М. И. (64) лежел под неговиот трактор и вршел поправки, а тракторот се придвижил и со задното тркало му поминал врз градите.

М.И. бил пренесен во Општа болница Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.