Шеесет и осум годишен стружанец е тешко повреден во судар на автомобил и трактор во близина на селото Подмоље.

Повредениот човек, итно е префрлен во болницата во Струга

На 10.11.2020 во 17.20 часот на магистрален пат А-2 од Струга кон с.Подмоље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Вевчани и трактор „ИМБ 558“, управуван од С.А.(68) од Струга. Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Увид на место извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.