Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат во с.Неготино, гостиварско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(19) и трактор „имт 533“, управуван од Н.Ј.(40), и двајцата од с.Неготино, гостиварско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Ј., кој бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.