Тракторист од Љуботен е тешко повреден во несреќата која се случи9ла вчера попладне на местото викано „Јарзиц“, во атар на с.Љуботен, скопско.

Како што соошти МВР, Р.С.(76) од с.Љуботен, при обид рачно да стартува мотор на трактор „ИМК 539“, машината се придвижила кон него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.