Едно лице се здобило со тешки повреди откако трактор излетал од пат.

Од МВР информираат дека несреќата се случила пред два дена во 9 часот на некатегоризиран пат Демир Капија – Петрово село, кај место викано „Светилник“, во момент кога трактор „торпедо“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Б.Л.(56) од Неготино, излетал од патот.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(63) од Неготино и бил пренесен во неготинската болница – истакнуваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.